МОСКВА ПОД „АРКТИЧКА ИНВАЗИЈА“: Отакажни летови, проблеми со струјата (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Москва е во центарот на два големи циклони кои се состојат од по два помали, едниот доаѓа од северозапад, а другиот од Медитеранот преку Балканот, што отвара пат за студен арктички воздух. Затоа велиме дека Москва е под арктичка инвазија“, рекла за Тасс Татјана Познаикова, експерт за метерологија.

Денес во Москва наврнале 43 сантиметри снег, а едно лице загинало откако врз него паднало дрво, додека пак петмина се повредени во налети на бурата.

Loading...

Околу 3.000 домаќинства во Московскиот регион останале без струја поради силните снежни врнежи.

Авио-компанијата „Аерофлот“ откажала 33 летови за денеска од московскиот аеродром Шереметјево, како и слетување на него, додека девет летови се одложени.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин соопштил дека поради снегот кој се очекува да паѓа цела ноќ во понеделник не мора да се оди на училиште.

https://twitter.com/dimalive/status/960094963966074880?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fmoskva-pod-arktickom-invazijom-otkazani-letovi-nema-struje-foto-video%2F144653

– Големи снежи врнежи ќе имаме и утре. Ситуацијата во сообраќајот сигурно ќе биде комплицирана. Подобро е да се воздржите од употреба на автомобили. Присуството на училиште нема да биде обавезително, напишал тој на Твитер.

Leave a Reply