Московскиот аеродром Внуково денеска е привремено затворен, а според првичните информации причина е дрон, пренесува РИА Новости.
Loading...
„Аеродромот Внуково е привремено затворен. Прелиминарната причина е беспилотно летало“, изјавил за агенцијата извор од итната помош.
Во соопштението за медиумите на Внуков се наведува дека поради причини надвор од контрола на аеродромот, од 9:40 часот се воведени привремени ограничувања за слетување и полетување на авионите.
Од безбедносни причини, некои летови беа пренасочени кон други аеродроми во Москва, се вели во соопштението.