Морничаво! Маж го заѕидал телото на својата сопруга во станот

Сподели со своите пријатели

Романец (47) е осомничен дека ја убил својата партнерка и го заѕидал нејзиното тело во стан во Штутгарт.

Loading...

Роднините ја пријавиле жената за исчезната на 16 октомври бидејќи со месеци немале слушнато за неа.

По пријавата, истражителите го испрашувале нејзиниот партнер кој „се збунил“ на распитот, поради што веднаш извршиле претрес во неговиот стан.

– Кога го отворија ѕидот, го открија телото во шуплината и го уапсија осомничениот – изјави портпаролот на полицијата од Штутгарт.

Осомничениот во вторникот е изведен пред судија и му е одреден притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати (ВИДЕО)