МОНАКО: Мала, но многу моќна земја, каде никој не ги заклучува автомобилите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Азурниот брег, јахтите, скапите автомобили и казина се веројатно првите работи што ќе ви паднат на ум кога некој ќе го спомне Монако, но еве уште неколку факти.

Loading...

 

 

Монако е држава (буквално микро држава) сместена на француската ривиера, во близина на италијанскиот регион Лигурија.

Тоа е една од оние земји кои граничат само со една земја, а тоа во овој случај е Франција. Исто така, иако формално државата Монако не е членка на ЕУ, таа го користи еврото како своја валута.

Монако е управуван од кнежевство, а во моментов е предводен од Алберт Втори. Од династијата Грималди, инаку син на позната актерка, а подоцна и принцеза – Грејс Кели. За среќа, Алберт има и наследници, па за Грималди нема зима.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Холанѓаните немаат завеси на прозорците? (ВИДЕО)

Според површината, Монако е втората најмала земја во светот, и само помала од неа е Ватикан.

Loading...

Толку е мала што практично може да се препешачи, но кога станува збор за густината на населението, земјата може да се пофали со првото место.

Минималната загарантирана плата овде е околу 2.000 евра, но просечната плата се искачува на околу 4.800.

Сепак, имајќи ги предвид трошоците за живот и цените во оваа земја, тоа не е премногу, но затоа со две просечни плати можете да поминете рајски одмор речиси насекаде во светот.

Секоја година, од 1929 година, Монако е домаќин на трката во Формула 1. Возењето овде е посебно, бидејќи не се одвива на посебна тркачка патека, туку на градските улици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која е разликата меѓу космонаут, астронаут и тајконаут? (ВИДЕО)

Патеката е тесна и нема многу можности за претекнување, а доаѓањето на трка е прашање на престиж. Поради богатиот општествен живот, но и угледот, жителите на Монако генерално изгледаат „пристојно“ и обично.

Монако е прилично безбедна земја, а многу граѓани воопшто не ги заклучуваат ни вратите од автомобилот.

Причините за тоа се пред се релативно големиот број полицајци, како и значителниот број безбедносни камери.