Момче се здоби со тешки повреди на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 16,00 часот, на автопатот Скопје-Куманово случена е сообраќајна незгода во која ПМВ„Алфа Ромео“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од К.М. (22) излетало надвор од коловозот и удрило во дрво и заштитна жичана ограда.

Во незгодата истиот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.