Ромео, кој има само десет години, се преселил во Сицилија со неговиот татко и мајка си, оставајќи ја баба му во Лондон. Сфаќајќи во разговорот со неа колку е осамена баба Розмари, Ромео и неговиот татко тргнале пеш кон Лондон.
https://www.facebook.com/RomeosBigJourney/photos/a.108034204291495/153770976384484
Таткото на малиот Ромео, Фил Кокс, е англиски новинар кој бил киднапиран и измачуван во 2017 година за време на неговиот престој во Дарфур, каде сакал да сними што се случува во тој регион, каде што Амнести Интернешнл се бори против употребата на хемиско оружје против цивили.
https://www.facebook.com/RomeosBigJourney/photos/a.108034204291495/153769993051249
По овој трауматичен настан, Фил се преселил во Палермо со неговата сопруга Џована и неговиот син Ромео. Бабата Розмари останала во Велика Британија, оддалечена од нив 2.800 километри.
This is so adorable. A 10 year old boy has walked/sailed from Palermo, Sicily, to London with his dad to go and visit his grandma in London and raise funds for migrant centres.
Nice piece of news to start the day. https://t.co/rxsZ7swBOJ— Claudia Civinini (@ClaudiaCivinini) September 23, 2020
За време на карантинот, Фил и Ромео решиле да пешачат од Италија до Велика Британија, сметајќи дека е невозможно да се оди во Англија со авион поради ограничувања поврзани со коронавирусот, а исто така и поради лошата здравствена состојба на нивната баба.
Така, на 18 јуни, таткото и синот тргнале од Палермо пеш по познатата аџилак рута што минува низ Италија, Швајцарија, Франција и Велика Британија (Виа Францигена).
https://www.facebook.com/RomeosBigJourney/photos/a.108034204291495/153517459743169
Таткото и синот патувале со велосипед и пеш, а нивното патување го следеле многумина преку нивните профили на социјалните мрежи од профилот Romeo’s Big Journey Home.
Кога пристигнале на плоштадот Трафалгар во Лондон, држејќи школка што е симбол на аџилак, ги пречекале аплаузи од сите луѓе кои ги следеле авантурите на малиот Ромео и неговиот татко на Фејсбук.
После дожд, ветер, силно сонце, тие пристигнале во Лондон на 20 септември, но за да ја видат својата баба треба да почекаат уште две недели, бидејќи толку време ќе поминат во задолжителниот карантин што го бара британската влада за сите оние кои пристигнуваат од странство.
https://www.facebook.com/RomeosBigJourney/photos/a.108034204291495/152509916510590
Нивната авантура ја следеа многу медиумски куќи, за кои Ромео изјави дека дошол до идеја да ја посети својата баба, бидејќи разговарајќи со неа на телефон, сфатил колку е осамена и болна.
„Навистина сакав да одам и да ја видам додека татко ми сакаше да ми помогне. Така најдовме начин да патуваме на еколошки начин, а истовремено и забавен“, вели Ромео.
Тој истакна дека сака да открива нови работи и места и дека сака да им помогне на пријателите кои имаат здружение кое им помага на имигрантите, како и на децата од Италија, кои не можеле да учат за време на карантин, бидејќи немале таблет или компјутер.
https://www.facebook.com/RomeosBigJourney/photos/a.108034204291495/148951613533087
Неговиот татко Филип рече дека Сицилија е дел од Европа и дека како таква е прекрасно место за растење.
„Ни се допаѓа близина на морето и мислам дека ваквите искуства им помагаат на децата да патуваат низ сопствената фантазија, да ги реализираат своите соништа, нивниот свет кој ќе биде таков што ќе ја штитат планетата со секој гест, секогаш кога е можно. Сакам Ромео да научи да ги гледа и разгледува сите опции во животот, да биде одговорен граѓанин“, заклучи Филип Кокс.
The heart-warming tale of #Romeo, the 10-year-old boy who walked from #Palermo to #London "just to see Granny." https://t.co/GD6bIX9f5i pic.twitter.com/v59kzEECQZ
— Wanted in Rome (@wantedinrome) September 23, 2020