Момче (9) во критична состојба по напад на крокодил во национален парк

Сподели со своите пријатели

Деветгодишно момче се бори за живот откако било нападнато од крокодил во националниот парк Какаду во Австралија.

Loading...

Сето тоа се случило во саботата навечер по локално време.

По нападот, пациентот бил пренесен во Здравствениот дом Џабиру. Тој морал да биде префрлен со хеликоптер од таа болница во поголема болница поради сериозноста на повредите.

Моментално е на одделението за интензивна нега.

Во овој национален парк има околу 10.000 крокодили.

„Запомнете дека секаде каде што има вода, може да има и крокодили. Бидете внимателни во близина на реките и внимавајте на знаците за предупредување за крокодили“, се вели на веб-страницата на Националниот парк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАРАТИСТ ПРЕТЕПА МЕЧКА: Со удар ја натерал да побегне и и ја спасил главата

Портпаролот на Паркс Австралија изјави дека биле информирани за инцидент во кој крокодил повредил едно лице додека пливало.

„Инцидентот се случи во област во националниот парк Какаду што не е достапна за пошироката јавност“, рече портпаролот.

Loading...