Молдавија ќе го задржи својот прозападен курс

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, вети дека ќе ја задржи оваа земја на прозападен курс и како земја која дава цврста поддршка на Украина, и покрај тоа што се бори со „руската енергија и политичка уцена“.

Loading...

„Сакам сите да знаат дека Молдавија избра да биде слободна и продолжува по својот европски пат без оглед на околностите“, рече таа во романскиот парламент за време на нејзината посета на таа земја членка на Европската унија, пренесува Танјуг.

Таа додаде дека Молдавците се подготвени да ја платат цената на својата слобода.

Додека Санду им се обраќаше на романските претставници, самопрогласеното Придњестровје, регион на истокот на Молдавија, престана да снабдува електрична енергија за остатокот од земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Зависност од руски гас

Овој регион поддржан од Москва е дом на најголемата електрана на гас во Молдавија, која обезбедува 70 отсто од потребите за електрична енергија на земјата.

Молдавија е целосно зависна од Русија за природен гас.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија дојде откако молдавскиот министер за инфраструктура Андреј Спину во понеделникот објави дека државната енергетска компанија Енергоком не го потпишала ноемврискиот договор со електраната поради намалувањето на испораката на руски природен гас за 40 отсто.

Спину рече дека руски Гаспром се согласил да испорачува на Молдавија 5,7 милиони кубни метри гас дневно, што е само 51 отсто од она што и е потребно на земјата за да обезбеди електрична енергија за нејзините 2,6 милиони жители.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца