Модерно ропство: Ова се земјите со најмногу робови

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја, Еритреја и Мавританија имаат највисока преваленца на модерно ропство во светот, според Глобалниот индекс за ропство објавен во средата, кој забележа „влошување“ на ситуацијата на глобално ниво од последното истражување пред пет години.

Loading...

Во извештајот се проценува дека околу 50 милиони луѓе „живееле во ситуации на модерно ропство“ во 2021 година, што е зголемување за 10 милиони во споредба со 2016 година, кога последен пат беше измерен проблемот.

Се проценува дека 28 милиони луѓе се на принудна работа, а 22 милиони од нив живеат во принуден брак.

Ситуацијата се влошува, меѓу другото, поради „растечките и сè покомплексни вооружени конфликти, широко распространето уништување на животната средина“ и влијанието на пандемијата на коронавирус.

Извештајот, составен од добротворната организација за човекови права Walk Free, го дефинира модерното ропство како „принудна работа, принуден или ропски брак, должничко ропство, принудна комерцијална сексуална експлоатација, трговија со луѓе, практики слични на ропство и продажба и експлоатација на деца“.

Во првите десет се Русија, Турција, Саудиска Арабија…

Основниот принцип на ропството подразбира „систематско лишување од слободата на една личност“ – од правото на прифаќање или одбивање работа до слободата да се одлучи дали, кога и со кого да се омажи.

Според оваа мерка, авторитарната Северна Кореја има највисока преваленца на модерно ропство (104,6 на 1.000 жители), се вели во извештајот.

По нив следуваат Еритреја (90,3) и Мавританија (32), која во 1981 година стана последната земја во светот која наследното ропство го прогласи за нелегално.

Loading...

Десетте земји со највисока распространетост на модерното ропство имаат некои заеднички карактеристики, вклучително и „ограничена заштита на граѓанските слободи и човековите права“.

Во првите десет во светот се и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, каде работните права на мигрантите се ограничени.

Други земји во првите десет се Турција, „која прима милиони бегалци од Сирија“, Таџикистан, Русија и Авганистан.