Многу тешка ситуација на југот на Германија по катастрофалните поплави

Сподели со своите пријатели

Пет лица загинаа, а илјадници се евакуирани во јужна Германија по обилните врнежи што го погодија регионот и предизвикаа големи поплави.

Loading...

Поради ова, високи функционери предупредија дека климатската криза само ќе се влоши.

Претходно беше потврдено дека две лица и еден пожарникар загинале во сојузната покраина Баварија.

Во меѓувреме, уште две лица загинаа во нивниот подрум во покраината Баден-Виртемберг, соопшти полицијата.

Властите веруваат дека тие загинале додека се обидувале да испумпаат вода од нивниот подрум

Регионалните власти соопштија дека шест лица и еден 22-годишен пожарникар се водат за исчезнати, а по нив се води голема потрага.

По обилните врнежи, германските вооружени сили испратија 800 лица во регионот за да помогнат во спасувањето.

Германската метеоролошка служба не прогнозира нови обилни дождови, па се очекува состојбата да се смири.

Loading...

Во вторникот наутро нивото на Дунав во Пасау достигна 9,6 метри, соопшти Баварската државна канцеларија за животна средина, што е речиси двојно повеќе од нормалното ниво за овој период од годината.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека климатските промени се главниот виновник за ваквата состојба и поплавите како никогаш досега.

Министерот за економија Роберт Хабек, исто така, во неделата истакна дека климатските промени предизвикуваат уште потешки временски услови

Други области во Европа, како Италија и Словенија, исто така беа погодени од обилни врнежи во последните денови.