Младите Роми, средношколци и студенти од Куманово ги менуваат наративите, се едуцираат како да ги презентираат проблемите со кои се соочува ромската популација при остварување на здравствените права во рамки на проектот„Менување на наративите за Ромите во здравствените институции” – „Моето здравје е мое право“ кој го спроведува Националниот Ромски Центар (НРЦ) и Здружението „Симбиозис 12“ . Преку креативните работилници, пишување новинарски стории, креирање на видеа, младите се изразуваат и бараат остварување на основното човеково право-право на здравствена заштита, потенцирајќи дека мора да се смени односот кој го имаат дел од лекарите, вработените во здравствените установи кон ромската популација, како да се надминат постоечките предрасуди кои се уште и во 21 век постојат кон ромската заедница.
Младите се нова сила, енергија кои успешно ги поминаа новинарските и видео работилниците, научија како покреативно да се изразат, но јасно и гласно да кажат дека мора да се срушат бариерите од една страна и кај дел од вработените во здравствените установи, но и кај ромската заедница, која треба да биде поотворена за соработка во интерес на нивното здравје и добивање на примарна здравствена заштита.
Преку креативните видеа младите се мотивираа да зборуваат за нивните предрасуди и стеротипи што ги спречуваат да се консултираат со доктор. Во исто време, здравствените работници зборуваат за правата на пациентите од различни области. Тука заеднички создаваат меѓусебна доверба, запознавајќи се со бариерите, но учејќи начини како да се надминат, како да се спречи дискриминацијата при добивање на здравствената заштита.
Креативните видеа се презентираат пред пошироката јавност, преку медиуми, но и социјални мрежи што особено допира до младата популација. На овој начин се упатуваат пораки до нивните врсници дека бариерите, сетреотипите, предрасудите и дискриминацијата мора да запре.
Дел од младите Роми, пак и самите имаа предрасуди при посета на здравствени установи и при барање на здравствена нега. Тие бариери се надминати преку нивното јакнење и едукација, градење на самодоверба, подигање на самосвеснота.
Професионалци преку специјални обуки ги водеа креативните видеа и им помогнаа на младите да ги променат наративите, преку дебати, преку претстави, преку креативно пишување стории базирани на сопствени искуства и на искуства од заедницата, а наскоро и преку форум театри преку кои ќе ги променат и надминат своите бариери, наративите во комунакција со здравствените работници и генерално со јавноста.
Преку дебатите, креативните стории и видеата младите порачаа дека не е дозволиво ромската заедница да биде жртва на дискриминација при добивање на здравствената нега. Заедничката интеракција со здравствените работници им помогна и на младите и на лекарите да ги согледаат бариерите кои се уште се присутни, но и да најдат начини како да се надминат.
Преку театар форумот, младите ќе се охрабрат да негуваат критички размислувања и да учат за вредностите, правата и нормите врз кои се темелат човековите и здравствените права.На крајот на проектот, ќе биде издадена публикација за искуството на младите, која содржи специфични препораки за тоа како да се подобрат односите меѓу лекарите и пациентите Роми.
Проектот, кој почна да се спроведува од ноември, минатата година ќе трае ноември, годинава е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија