Младен Чадиковски реизбран за претседател на ЗНМ

Сподели со своите пријатели

Младен Чадиковски останува на чело на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и во следните четири години.

Loading...

Тој денеска ја доби довербата на колегите новинари и медиумски работници од целата држава на редовното изборно собрание на здружението.

Чадиковски победи уште во првиот круг со освоени 299 гласови. Неговите противници новинарот Марјан Николовски освои 85 гласови, додека 40 освои новинарката Фиљана Кока.

Ова е вториот мандат на Чадиковски.

Текст/фото: Никола Ивановски

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  235 лица од Куманово земале социјална помош, а не требало