Младото момче од Охрид, Мартин Милески, во чест на прерано починатата мајка, направил своја преработка на песната ”When I’ll see you again”, воден од емотивната состојба и копнежот по својот родител.
Каверот е објавен на каналот You Tube, и се работи за четврта преработка на песни од мини – проект кој Милески го започнал од неодамна.
Целокупната реализација е изработена со огромна доза на емоции, љубов и ентузијазам бидејќи истата е посветена на починатата мајка, и како што вели Мартин, секогаш кога ќе ја слушнам оваа песна во мене се навраќаат сите убави нешта од минатото за кои сум благодарен, па може да се каже дека со оваа исклучително емотивна изведба на еден начин се заблагодарувам за сите нешта кои мајка ми ги правеше за мене.
Монтажата за видео спотот е на Влатко Дојчиноски.