Млад Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателство над 13 деца, кои ги добил со девет различни жени, и тоа заради финансиска сигурност и „убедливите докази дека толку деца немаат врска со трговијата со луѓе“.

Неименуваниот 28-годишен Јапонец, годишно, од една голема јапонска фирма добива повеќе од три милиони долари и, како што наведува пресудата, неговиот план е децата „да ги одгледува“ во Јапонија.

 

Loading...

 

Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.

 

 

Случајот трае уште од 2014 година, кога тајландските власти откриле дека тој живее во вонбрачна заедница со девет жени и 13 бебиња. /МИА

Leave a Reply