МКК Куманово во полуфинале против МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на МКК Куманово обезбедија пласман во полуфиналето на Првата кошаркарска лига на Македонија, каде ќе ги одмерат силите со МЗТ Скопје.

Loading...

Кумановци викендов славеа над Кожув со 67:82 и со 3:1 од четвртфиналните пресметки, си обезбедија билет за полуфинале.

МКК Куманово сега е дел од најдобрата четворка оваа сезона, иако тимот официјално е дебитант годинава во Првата лига.

Во полуфинале ќе ги одмери силите со екипата на актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Термините за натпреварите дополнително ќе бидат објавени.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Претежно сончево, но и со услови за нестабилност