МКК Куманово со скоро двојна разлика ја совлада Струмица (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на МКК Куманово ја забележаа четвртата победа во актуелната сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Струмица 2001 со 85:48.

 

 

Домашниот состав уште од самиот почеток го наметна својот ритам и не му дозволи на противникот да се надева на позитивен резултат. Кумановци ја добија првата четвртина со 21:8, а до полувремето ја зголемија предноста на 40:19. Во продолжението разликата дополнително растеше, па МКК на крајот стигна до убедлив триумф од 37 поени разлика.

 

 

Четворица кошаркари во победничкиот состав имаа двоцифрен поентерски ефект. Најефикасен беше Гуден со 18 поени, пет скока и една асистенција, Стевановиќ постигна 17 поени, Стајиќ заврши со 14 поени и девет асистенции, додека Фундиќ придодаде 10 поени и осум скока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајден 91-годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

 

 

Во редовите на Струмица 2001, Пандев беше најрасположен со 14 поени и осум скока, Крафорд постигна 11, а Херис средбата ја заврши со 10 поени и девет скока.

 

 

Со овој триумф МКК Куманово го подобри својот биланс на четири победи и три порази по седум одиграни кола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски