Младинскиот кошаркарски клуб Куманово е апсолутен есенски шампион во Втората кошаркарска лига на Македонија.
Loading...
Од 11 одиграни натпревари оваа полусезона, избраниците на тренерот Марин Докузовски немаат ниту еден пораз и остануваат единствена непоразена екипа во целата лига.
Викендов го одиграа последниот меч за 2023 година и впишаа нова победа, овој пат против составот на Шкупи со резултат 60:82.
Кумановци успешно го исчекорија првиот дел од патеката која води кон елитната Прва кошаркарска лига на која се надеваат следната натпреварувачка сезона.
Никола Ивановски