Мизинцев: Нека си заминат цивилите од Азовстал, ако ги има

Сподели со своите пријатели

Русија бара на цивилите да им биде дозволено да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол доколку ги има, изјави денеска шефот на рускиот центар за национална одбранбена контрола, генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој смета дека ова е уште еден „информативен спин“ на украинските власти.

Loading...

Тој потсети дека во изминатите 24 часа во украинските медиуми биле снимени неколку изјави на официјални претставници на Киев дека наводно во Азовстал имало голем број цивили.

 

Како функционираат санкциите во Русија?

 

„Сигурни сме дека ова е уште еден информативен спин, измислен исклучиво за спас на националистите“, рече Мижинчев, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

Тој повтори дека Русија го гарантира животот и безбедноста на сите кои ќе се предадат.

„Доколку некој од цивилното население е во Азовстал, бараме да се преземат сите мерки за негово ослободување и излегување низ отворените хуманитарни коридори. Раководството на Руската Федерација гарантира живот, целосна безбедност и обезбедување квалификувана медицинска помош на сите оние кои ќе го положат оружјето“, рече тој.

Loading...

 

Озлогласениот „готвач на Путин“ пристигна во Донбас со тајна мисија

 

Мизинцев нагласи и дека руското раководство гарантира безбедна евакуација на сите цивили без исклучок и нивно движење во хуманитарните конвои во која било насока што ќе ја изберат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Министерството за одбрана на Руската Федерација претходно денеска соопшти дека руската армија го запрела огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето можат да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол.