Мистериозна најава: НАСА откри услови за живот на Плутон?

Сподели со своите пријатели

Откако НАСА откри дека на Марс е пронајдена вода, сега најавува ново спектакуларно откритие поврзано со Плутон. Западните медиуми шпекулираат дека станува збор за најава која ќе открие некој облик на живот на Плутон.

Loading...

Мисијата на НАСА, „Нови хоризонти“ има задача да ги набљудува и проучува случувaњата околу џуџестата планета. Тоа на конференцијата на Унивезритетот во Алберта, Канада го најавил планетологот Алан Стерн, шеф на мисијата која го проучува Плутон.

Мисијата на НАСА има задача да ја набљудува планетата и нејзините сателити со помош на сонда, која извршила прелетување околу овие небески тела во јули годинава.

Зборувајќи за најновите снимки на Плутон и неговиот најголем природен сателит Харон, професорот Стер вели:

Тој свет живее. На него постојат метеролошки систем и геолошка активност, а во неговата амосфера има магла.

Засега не е познато што ново ќе соопшти НАСА, која пред неколку дена објави фотографии од Плутон во огромна резолуција. На снимките кои ги испратила сондата видливи се ледени планини високи и до три километри и заледени долини.

На фотографијата на Харон може да се видат канјони, кратери, планини и целокупното небесно тело е палета од различни бои.

Стерн во своето обраќање додал дека засега се преработени само 10% од целокупниот присоберен материјал, па така џуџестата планета се уште не ги открива целосно своите тајни.

Плутон е сместен во Којперовиот појас, големи скапи транснептунски објекти, сотатоци од времето на формирање на Сончевиот систем.

Loading...

Плутон е откриен во 1930 година. Помал е од Месечината, има маса 500 пати помала од Земјата, пет природни сателити и околу сонцето прави кругг за помалку од 248 години.