Јуан Таипинг од Кина, изгледа како да има 80 години, иако има само 30. Тој пати од бизарно и засега мистериозно медицинско пореметување кое предизвикува прерано стареење на неговата кожа.
Иако последните 10 години посетил многу лекари, сеуште никој не пронашол дијагноза за она што се случува со неговото лице.
Тој работи како менаџер во кинеска градежна компанија, а промените на телото и лицето ги забележал на 20 години кога брчки започнале да му се појавуваат на рацете и нозете, а подоцна и на лицето.
Некои од лекарите кои го прегледале се сомневаат дека станува збор за акромегалија, ретка хронична болест која настанува кко последица на претерано излачување на хормонот за растење кај возрасните личности. Но, оваа дијагноза не се спремни да ја прифата сите лекари и не се сигурно во неа.
Од истата болест за сега пати и неговиот помлад брат каок и двајца соседи од соседното село.
Единствен привремен лек за Јуан е редовна обиколка во болницата каде му вршат дренажа на отекувања на лицето кои изгледаат како брчки.