Мишел: Иднината на децата од Западен Балкан е побезбедна во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска во Тирана изјави дека иднината на децата од Западен Балкан е побезбедна и попросперитетна во рамките на ЕУ и дека Брисел е посветен на зајакнување на интеграцијата и соработката со регионот.

Loading...

„Убеден сум дека иднината на нашите деца на Западен Балкан ќе биде побезбедна и попросперитетна во рамките на ЕУ и ние работиме напорно за да постигнеме напредок“, изјави Мишел за новинарите по пристигнувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Мишел рече дека самитот за прв пат ќе се одржи во земја од регионот и дека договорот за намалување на цените на роаминг потпишан денеска е важен за обичните луѓе, бизнисот и туризмот.

Тој потсети и дека ЕУ ќе им помогне на земјите од Западен Балкан да ја надминат енергетската криза и да се справат со последиците од војната во Украина.

„Ова ја покажува нашата посветеност за зајакнување на интеграцијата и соработката со регионот“, рече Мишел.