Минофрлачка граната пронајдена во кумановско

Сподели со своите пријатели

Минофрлачка граната била пронајдена вчера во нива во селото Умин дол, информираат денеска од полицијата.

Loading...

– На 02.11.2022 во 12.10 часот во СВР Куманово, било пријавено дека С.М. од Куманово во нива во село Умин дол пронашол неекслодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 75мм, велат од Министерството за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски