Министерот за одбрана на Украина: Де факто сме членка на НАТО

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.

Loading...

Резников изјави за Би-Би-Си дека е сигурен дека Украина ќе добие нови резерви на оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.

„Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (според законот). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме“, посочи Резников.

Тој посочува дека тоа е факт и смета дека неговото тврдење нема да биде сфатено како спорно.

„Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО“, додаде Резников.

Зборувајќи за ситуацијата во Соледар, за која руските сили тврдат дека ја контролираат, Резников рече дека е „многу тешко“, но „под контрола“.

Тој изјави дека членовите на руската приватна воена компанија „Вагнер“ го нападнале Соледар во бранови, што довело до голем број загинати и оцени дека шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин се интересирал за економските придобивки од заземањето на градот, каде што се наоѓаат најголемите рудници за сол во Европа.

Соледар се наоѓа на околу 10 километри од Бахмут, стратешки град и транспортен центар преку кој се снабдуваат украинските војници во Донбас.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.