Министерот Спасовски ќе учествува на Берлинскиот процес

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја предводи делегацијата од Министерството за внатрешни работи која во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес, на кој министерот Спасовски ќе има обраќање.

Loading...

Со состанокот на германските министри за внатрешни работи, како што најави канцеларот Олаф Шолц, продолжува берлинскиот процес, кој во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел за приближување на Западен Балкан до Европската унија.

Така, во четврток во Берлин ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки на ЕУ, актуелниот претседавач со ЕУ, како и претставници на Европската комисија и земјите од Западен Балкан, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скратена настава за учениците ден пред изборите

Министрите за внатрешни работи на Австрија, Франција, Грција, Бугарија, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка како претседавач со ЕУ, Велика Британија и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово беа поканети да средбата.

Најавено е дека во Берлин ќе пристигне и еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Според соопштението на МВР на Германија, тема на средбата ќе биде борбата против илегалната миграција, корупцијата и организираниот криминал, како и вооружените групи.