Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска оствари протоколарна посета на објект од кумановската детска градинка „Ангел Шајче“ каде на новите дечиња им посака добредојте и пријатен престој во оваа воспитна установа.
Дечињата и нивните воспитувачки по тој повод ги пречекаа со пригодна приредба.
„Сакам да видам како оди работата и во втора смена, какви се условите во градинките, да разговарам со вработените поради тоа што се видов и со СОНК, но сепак сакам изворно да слушнам и од вработените во Куманово какви се условите за работа, дали има потреба од дополнителни преговори“ – вели Царовска.