Министер од Мадагаскар разрешен поради гласање против Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Мадагаскар, Андриј Рајоелина го разреши министерот за надворешни работи, бидејќи гласаше за усвојување на резолуцијата на Обединетите нации, со која се осудуваат референдумите во четири украински региони за присоединување кон Русија, соопштија денеска извори од кабинетот на претседателот.

Loading...

Двајца високи функционери од кабинетот на претседателот Рајоелина изјавија за Ројтерс дека министерот Ричард Рандриамандрато бил разрешен бидејќи тој бил еден од оние кои гласале за усвојување на резолуцијата.

Минатата среда, Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство усвои резолуција со која се осудува одржувањето на референдум за присоединување на четири украински региони кон Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

За усвојување на резолуцијата која ја подготви ЕУ гласаа 143 земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации, од вкупно 193.

Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.

35 земји беа воздржани, вклучително и Кина, додека останатите не гласаа.

Нападот на Русија врз Украина оваа година доведе многу африкански земји во непријатна дипломатска положба, имајќи предвид дека многумина имаат комплицирана историја на односи со Западот и поранешниот Советски Сојуз, како и важни економски врски со Русија, наведува Ројтерс, пренесува Танјуг.

До минатата недела, Мадагаскар секогаш се воздржуваше за време на различни гласања за резолуции поврзани со кризата во Украина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.