Кумановскиот кошаркар Милош Јовановиќ и годинава ќе го носи дресот на КК Струмица, откако го обнови својот договор по една сезона мината во дресот на клубот.
Јовановиќ има долгогодишно искуство во македонската прволигашка кошарка, настапувајќи за дресот на Куманово, а од минатата сезона одлучи да го продолжи својот ангажман во Струмица, клуб која успеа да се избори за пласман во Првата лига.
– Уште една сезона во која секој тренинг значи повеќе, секоја топка е важна, а секоја победа се гради заедно. Теренот повторно ќе биде местото каде што се зборува најгласно. Пред нас е нов предизвик. Пред него е нова можност да остави свој печат, велат од КК Струмица.
Инаку, освен Јовановиќ, во дресот на Струмица сезонава ќе заигра уште еден кумановец, искусниот Лука Димитриевски, кој одлучи по години во кумановскиот дрес да замине во клубот од југоистокот.
Никола Ивановски

