Стојчевски: Милион евра годишно би чинело работењето на градскиот базен

Сподели со своите пријатели

Работењето на градскиот базен во Куманово би можело да чини и до шест милиони денари месечно или милион евра годишно поради енормното покачување на цената на гас и електрична енергија.

Loading...

Ова денеска го истакна Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, кое стопанисува со објектот. Неговата реакција следуваше по барањање на опозициската СДСМ општината да даде пари на претријатието за да базенот остане отворен.

Сепак, Стојчевски вели дека тоа се огрмни пари и на тој начин ќе се наштети на општината.

– На годишно ниво тоа се повеќе од 1 милион евра, што значи околу 15% од вкупниот оперативен буџет на Општината да се издвојува за нормална функција на градскиот базен.  Тоа би значело дека Општина Куманово би требала да ги намали капиталните инвестиции коишто и во овој момент се незадоволувачки за 15% и да се откаже од изградба на нови патишти, канализации, спортски терени и друга инфраструктура, посочува Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Предлогот на СДСМ, вели е неиздржан и „Чистота и зеленило“ само ги следи првично препораките на владата за рестрикција и штедење во енергенси и непродуктивни трошоци.

Loading...

– Претставниците на СДСМ нека се разјаснат со Владата дали е потребно или не во овие моменти да  се штеди или пак можеби според нив е подобро средствата да се потрошат за финансирање на работењето на градскиот базен, а училиштата да останат без средства за затоплување и нормално функционирање, рече Стојчевски.

Директорот денеска пред јавноста истакна дека е во тек и судска постапка против изведувачот и надзорот на градежните работи за надомест на штета поради неправилности при градење.

Вели дека објектот отворен во 2016 година и за кој се потрошени 4,5 милиони евра за изградба, требало да биде енергетско-ефикасен, а не, како што вели, сѐ уште недовршен, со пропусти во градежниот и техничкиот дел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

– Поради тоа Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во јули 2019 година поднесе тужба против надзорот и изведувачот на градежните активности за надомест на штета поради пропусти во работа и изведба во износ околу 2 милиони евра. Ова судска постапка е во тек пред надлежниот Суд во Куманово и се очекува нејзин епилог, појаснува Стојчевски.

Директорот Стојчевски потсети дека во 2016 година од страна на Советот, а по предлог на тогашниот градоначалник Зоран Дамјановски базенот е ставен под залог кон УЈП за неплатени обврски на ЈП „Чистота и зеленило“, односно неплатено ДДВ за период од 2003 до 2005 година и истиот е сѐ уште под хипотека.

Вели дека Здружението „За Наше Куманово“ на чело со Димитриевски успешно менаџира со општината и јавните претпријатија.

– Ги раздолживме сите долгови на Општината кои беа енормни над 11 милиони евра. Во фаза сме на раздолжување на јавните претпријатија и долгови кои ги немаме создадено ние и горди сме на фактот дека Општина Куманово располага со повеќе од 3,5 милиони евра, сите обврски на Општината кон сите добавувачи до овој момент се платени, а се резултат на стратешко планирање, домаќинско, чесно и одговорно работење. Овие средства прагматично ќе ги инвестираме во нови инфраструктурни проекти кои што се во интерес на граѓаните на Општина Куманово, а не за покривање на загуби на погрешно и непрописно реализирани проекти во минатото кои што ги имаме наследено, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Базенот, потенцира Стојчевски, останува затворен до април 2023 година.

Loading...

Во меѓувреме, вели тој, Општина Куманово на една од следните седници на Советот ќе излезе со конкретен предлог за делумно решавање на проблемот со енергетско напојување на овој објект и негов начин на негово менаџирање.

Никола Ивановски