Милијардери со круна: Кралскиот луксуз, моќ и богатство (фото)

Сподели со своите пријатели

Самата помисла на кралскиот живот асоциrа на сјај и гламур, пари и богатство. Иако сите живеат во изобилие, и меѓу нив има разлики кога во прашање е имотот. Многумина мислат дека тука е прва британската кралица Елизабета Втора, но азиските владетели се шампиони според парите, моќта и луксузот.

Loading...

Листата најбогати монарси, според рејтингот на списанието „Форбс“, ја предводи кралот на Тајланд, кој е 67 пати побогат од британската кралица Елизабета. Тајландскиот крал Бумибол Адулјадеј вреди 35 милијарди долари, а тоа го прави најбогат крал во светот.

111205101029-thai-king-story-top

Кралот Бумибол располага и со непроценливо богатство во земјишни поседи, а исто така поседува и повеќе од 14 милијарди квадратни метри земјиште во Банкок. Кога овој монарх со најдолг стаж на светот имал здравствени проблеми предизвикани од стрес, поради како што официјално било потврдено, поплавите во Тајланд, на граѓаните со закон им било забрането јавно да коментираат за неговата здравствена состојба. Поради кршење на оваа законско правило четворица биле уапсени, затоа што преку интернет пишувале за неговата болест. Тој е роден во Америка, а се образувал во Швајцарија.

Златни автомобили

Богатството на султанот од Брунеи, Хасанал Болкијах, вредно 20 милијарди долари, воглавно е вложено во нафтените резерви на оваа земја. На престолот дошол во 1967 година, по смртта на неговиот татко. Познат е по тоа што ја поседува една од најголемите збирки на автомобили во светот, а во колекцијата се наоѓа и ролс ројс изработен од 24 каратно злато.

sultan od brunei

Саудијците парите веднаш започнале да ги трошат на скапи патувања, паметни телефони и автомобили, додека некои поднеле и барање за женидба по втор и трет пат, а голем дел од поделените пари заминале во спортските клубови во оваа земја. Сепак, здравствената состојба и на овој крал не е најдобра, затоа што тој има Алцхајмер.

Loading...

Него го следи нафтениот магнат, шеикот Калиф бин Зајед ал Нахјан, емир на Абу Даби и претседател на Обединетите Арапски Емирати, а неговата имотна состојба е проценета на 15 милијарди долари.

Мухамед бин Рашид ал Мактум е премиер на Обидените Арапски Емирати и владетел на Дубаи. На власт доаѓа во 2006 година, кога го наследил постариот брат. Во негова сопственост има 99,67% од „Дубаи Холдинг“. Познат е по изработка на вештачките острови Палма, најлуксузниот хотел на светот „Бурџ ал Араба“ и најголемата градба на земјата –  Бурџ ал Калифа, висока 818 метри.

sheik-mohammed-bin-rashid-al-maktoum

Вкупното богатство на неговото семејство се проценува на 44 милијарди долари. Тој има 19 деца: осум синови и 11 ќерки. Од тоа има 12 деца со првата жена, едно со втората и шест деца со непознати жени.

Владетелот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани има само 35 години и е еден од најмладите емири во историјата на Катар. Семејството потекнува од една од најголемите арапски племиња која го носи името Бану Тамим. Шеикот Тамим се школувал во Англија, завршил и британска Кралска воена академија, а на власт доаѓа во 2013 година. Има три жени и осум деца. Тој е претседател на катарскиот ивнестициски фонд, кој од неодамна располага со средства од над 100 милијарди долари, а има и удел во многу светски компании.

Tamim-bin-Hamad-Al-Thani1

Во јуни, луѓето од Исламската држава на социјалните мрежи поставиле фотографии од луксузната плата од Палмир, која е изградена за неговата мајка во срцето на сириската пустина. Слична градба е проценета на 280 милиони фунти, а се гради во Лондон од страна на овој шеик, кој че биде прво резиденцијално дело во Велика Британија вредно над 200 милиони фунти.

Мухамед Шестти на престолот на Маркото доаѓа по смртта на неговиот татко Хасан Втори, во 1999 година. Во негови раце се рудникот за фосфати, бројни природни ресурси и голем дел од најголемата мароканска компанија „Она“. Од неодамна француските власти имаат поднесено пријави против двајца француски новинари под сомнение дека се обиделе да го уценуават кралот на Мароко.

Loading...

Morocco's King Mohammed (R) prepares to address the nation in Tangiers July 30, 2011. King Mohammed renewed calls on Saturday to normalise ties and reopen borders with wealthier neighbour Algeria, saying that Rabat wants to build an integrated North African economic bloc. REUTERS/Maghreb Arab Press/Handout (MOROCCO - Tags: POLITICS BUSINESS ROYALS) FOR EDITORIAL USE ONLY. NOT FOR SALE FOR MARKETING OR ADVERTISING CAMPAIGNS. THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. IT IS DISTRIBUTED, EXACTLY AS RECEIVED BY REUTERS, AS A SERVICE TO CLIENTS

Застапниците на мароканскиот крал, францускиот адвокат Ерик Дипон Морети рекол дека новинарите барале три милиони евра за да не објават компромитирачка книга за Мухамед Шестти. Лоран и Грасје се познати по критичкото пишување за кралот. Во почетокот на 2012 година, објавиле книга во која се критикува овој владетел и се нарекува „крал предатор“. Изданието на шпанскиот медиум „Ел паис“, во кој се објавени делови од книгата е забрането во Мароко. Новинарите кралот наводно го уценувале со новата книга барајќи три милиони евра за да не ја објават истата.

Со богатсво од 4,9 милијарди фунти, како што проценува „Форбс“ владејачката династија на една од најмалите држави во светот – Лихтенштајн е најбогатата во светот. Предводени од владетелот Ханс Адам Втори, погатството на семејството Лихтенштај потекнува од банкарството, иако се големи земјопоседници, а имаат и колекција од уметнички дела.

image_gallery

Најголемиот дел од парите доаѓа од ЛГТ групата, најголема приватна банкарска компанија, која има над 40 милијарди долари инвестиции ширум светот, а седиштето е во престолнината на Лихтенштајн, Вадузу. Интересно е што порезничките обврзници не го финансираат владетелот, па принцост често се шегува дека наутро мора напорно да работи за да после пладне може да влада со својата земја. Омажен е со грофицата Мари Кински фон Виниц, кнегиња од Вшинц и Тетау, со која има пет деца, кои се вработени во семејната компанија.

Колекционер на олдтајмери

Musee_Voitures_3

И покрај фактот дека се наоѓа на чело на едно мало кнежевство, принцот Албер Втори од Монако е еден од најбогатите владетели во светото со лично богатство од околу 650 милиони фунти. Со огромната палата, принцот Албер има во сопственост и четвртина од смојата држава, како и неколку имоти во Франција. Алберт има и колекција на олдтајмери, како и доста вредна колекција на поштенски марки, но и акции во повеќе компании.

Loading...

Најголема резиденција

Royal-Palace-of-Madrid-spain-33604236-1280-800

Палатата Мадрид е најголема кралска резиденција во светото со неверојани 3.148 соби. Се користи само за церемонијални свечености, додека кралското семејство живее во малку поскромна, но сепак лукцузна палата во Зарзел во предградието на Мадрид. Во палатата Мадирд, кралското семејство живеело до 1931 година, кога дошло до пад на генералот Франк. Шпанското кралско семејство е меѓу најсиромашните во Европа со проценка на богатство од 3,2 милиони фунти. Но, сепакј кралот добива плата од 107.000 фунти и 116.000 за додатни трошоци.

Шведски гламур

Drottningholm-3

Шведското кралско семејство, на чие чело се наоѓа кралот Карл Шеснаесетти Густаф, е најбогататo и најгламурознатo во Скандинавија, а пето во Европа според своето богатство. Со лично богатство од 27,5 милиони гунти, оваа кралско семејство живее во раскошна кралска палата во Стоколм. Семејството користи дури 11 палати ширум Шведска, а има и неколку имоти, меѓу кои и летна палата Солиден, на балтичкиот остров Еланд.

Loading...