Мигрантот кој ги соши своите усни: Не можам да се вратам дома, ќе ме обесат (фото)

Сподели со своите пријатели

Британската новинска агениција Ројтерс денес објави потресни фотографии од економски мигранти со зашиени усни, кои заглавени во меѓузоната Идомени на македонско – грчката граница, веќе неколку дена се обидуваат да ја преминат границата, но се спречени од македонските безбедносни сили откако се врши регистрирање само на бегалци од воените зони.

Loading...

A migrant with his mouth sewed up participates in a protest as he waits with others to cross the border from Greece to Gevgelija, Macedonia November 23, 2015. REUTERS/Ognen Teofilovski

Имено, судејќи по фотографиите објавени од Ројтерс, се гледа како маж од Иран си ги зашива устите  со најлон во знак на штрајк со глад, блокирајќи ја пругата со останати мажи кај местото Камен 59 на границата со Грција.

Migrants with their mouths sewed up stage a protest as they wait to cross the border from Greece to Gevgelija, Macedonia November 23, 2015. REUTERS/Ognen Teofilovski
Migrants with their mouths sewed up stage a protest as they wait to cross the border from Greece to Gevgelija, Macedonia November 23, 2015. REUTERS/Ognen Teofilovski
  • Не можам да се вратам назад, вели за Ројтерс 34 – годишниот електро -инженер по име Хамид. Ако се вратам, ќе ме обесат, вели тој во изјавата за Ројтерс. 

Како што јавува и ТВ Телма, нивната дописничка Сузана Мицева  испратила фотографијата на која се гледа еден мигрант со зашиена уста. Иако владее молк од официјалните институции, мигрантите на овој начин порачуваат дека не отстапуваат од своите намери да отидат во некоја од земјите на ЕУ.

A migrant with his mouth sewn shut in protest demonstrate among the others at the border with Greece near the village of Gevgelija, Macedonia November 23, 2015. REUTERS/Ognen Teofilovski

Економските мигранти речиси цела недела не се пропуштаат кон државите на ЕУ, а по нападите во Париз и одлуката да се прави селекција на пропуштените лица.