Мицотакис: Европа треба да се разбуди и да изгради сопствена одбранбена политика

Сподели со своите пријатели

Европа треба да се разбуди и да изгради сопствена одбранбена политика по драматичната промена во САД во однос на Украина и геополитичките случувања во последните месеци, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Loading...

Говорејќи на деловна конференција во Солун синоќа, Мицотакис рече дека Европа треба „да се разбуди од геополитичката и економската летаргија во која за жал западна веќе некое време“, објави Ројтерс.

„Неодамнешниот развој на настаните и овој различен поглед на работите од Соединетите Американски Држави сега не обврзуваат не само да се соочиме со вистината, туку и да се движиме со многу голема брзина и да ги спроведеме одлуките за кои разговараме долго време“, нагласи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска истражува можно оштетување на подморскиот кабел во Балтичкото Море

Мицотакис посочи дека Европа воспоставува одбранбена политика која ќе и овозможи да развие сопствено одвраќање и да ја намали зависноста од САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на својот профил на „Truth Social“ рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би било подобро „да дејствува брзо“.

Откако украинскиот лидер го обвини Трамп дека е фатен во „балон на дезинформации“, Трамп во својот пост рече дека Зеленски е „диктатор без избори“.

„Зеленски, диктаторот без избори, подобро да дејствува брзо, или нема да има земја“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи.

САД и Русија одржаа мировни преговори во Саудиска Арабија оваа недела без Украина, на вознемиреност на Киев и неговите европски сојузници, објави агенцијата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Нашата безбедност и интереси се загрозени поради војната во Украина

Украина најави дека нема да прифати договор кој и е наметнат без нејзина согласност, изјава што ја повторија европските лидери, додека Русија ја отфрли можноста за отстапување на териториите што ги окупираше, додава агенцијата, пренесува Танјуг.