Методиевски со сребро, Бојковска со бронза од Балканското првенство во кик-бокс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кик-боксерите на КБК „Предатор“ се враќаат со два освоени медали од Балканското првенство што викендов се одржа во Србија.

Данило Методиевски го освои сребрениот медал во категоријата лоу-кик за постари јуниори до 71 килограм, додека Христина Бојковска се закити со бронза во категоријата лоу-кик за помлади јуниори до 52 килограми.

 

 

Методиевски до финалето стигна по победа од 2:1 над противник од Србија во полуфиналето, но во таа борба заработи повреда на ногата која подоцна се покажа како клучен фактор во битката за златото.

Во финалето, против уште еден српски натпреварувач, тој не успеа да го даде својот максимум и загуби со 3:0.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој ја нападнал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга

 

 

Од клубот истакнуваат дека за финалната борба била подготвена посебна стратегија која Методиевски успешно ја спровел, но поради повредата недостигале кикови за освојување дополнителни поени и конечна победа.

Бронзен медал освои и Христина Бојковска, за која ова беше само трета борба во ринг.

 

 

Таа прикажа разновидни удари со нога и атрактивен настап, а нејзината борба беше оценета како вистински спектакл за публиката.

 

 

Сепак, поголемото искуство беше на страната на противничката од Бугарија, која успеа да стигне до победата.

„Како тренер сум презадоволен од покажаното. Во текот на следната недела ќе ги споделиме целосните снимки од борбите“, порачаа Јован Крстевски од КБК „Предатор“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска делови од населбата Карпош

 

 

Од клубот најавуваат дека и во текот на летото ќе продолжат со тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка сезона.

Никола Ивановски