Невладините организации кои активно учествуваат во справувањето со бегалската криза во текот на вчерашниот ден забележале локално месно население од селото Табановце како влегува во камповите и се преправа во бегалци, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Така преправени барале облека од волонтерите, но биле забележани дека зад шаторите облеката ја ставаат во торби и повторно се враќаат да бараат нова, стои во извештајот.
Откако претставниците на невладините организации забележале дека го прават тоа, пријавиле во полицијата, а службеницит еги идентификувале како локалци. Истите тогаш започнале да упатуваат навреди и закани кон претставниците на невладиниот сектор од кои ја добиле пријавата.
Додека се одвивала целокупната драма едно лице од невладините организации останало без својот мобилен телефон, кој најверојатно е украден, а целокупната приказна била раскажана и на претставниците од УНХЦР.
Zа да хаосот биде поголем продавачи на цигари кои биле во транзитниот центар физички се пресметувале, а како причина за истото била цената на цигарите.
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници вршеле проверка на сите лица кои влегуваат во Транзитниот центар Табановце, како и сите што ги немало на списокот на вработени во невладините организации, за кои било проблем да влезат во кампот, а проблем имале и претставниците на Министерството за труд и социјална политика.
Причините за ваквото постапување на службените лице засега не се познати.