Меркел по Самитот на ЕУ: Има уште недовршени работи

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел по завршувањето на Самитот на Европска Унија во Брисел побара што побрзо да се овозможи оперативност на заедничкото финансирање на ЕУ, што по ветото на Унгарија и на Полска, беше одблокирано на состанокот на лидерите на земјите-членки на Унијата.

Loading...

– Ќе ни бидат потребни пари, мораме да инвестираме во иднината, истакна Меркел.

Покрај деблокадата на повеќегодишниот заеднички буџет и Фондот за обнова на ЕУ, Меркел како друго важно прашање ја посочи климата.

– Зелениот договор е основен проект, што безбедно ќе не однесе во иднината, посочи германската канцеларка.

Таа по повод новите санкции кон Анкара наведе дека германското претседателствување со ЕУ сакаше односите со Турција да бидат поконструктивни, но оти за жал настаните во Источен Медитеран тоа не го дозволиле.

– И покрај тоа и понатаму пружаме рака и сакаме конструктивна агенда со Турција, истакна Меркел.

Марина Илиевска

Leave a Reply