Меркел: Договорот за коалиција е силна основа за добра и стабилна влада

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека коалицискиот договор на нејзините конзервативни социјалдемкорати е силна основа за добра и стабилна влада.

Меркел на новинарите им рече дека со договорот гермснкото стопанство ќе стане силно и дека ќе ја води земјата во иднината, пренесува АП.

Таа рекла дека договорот е темел за добра ис табилна влада, што и е потребно на земјата и што многумина во светот го очекуваат од Германија.

Германската агенција DPA оценува дека Меркел била приморана на големи отстапувања околу поделбата на министерските места за да дојде до напредот во преговорите, но пречки и натаму постојат.

Договорот треба да го одобри Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, нејзиниот помал партнер баварската Христијанско-социјална унија и членството на Социјалдемократската партија.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледа ураганот Иан од вселената

Leave a Reply