Мелони: Рано е да се зборува за вториот мандат на Урсула фон дер Лајен

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека е прерано да се одговори на прашањето за втор мандат на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Loading...

„Сè уште собираме податоци за да го разбереме мнозинството, но сè уште има мнозинство што ја поддржа Урсула, но и партиите кои не се дел од ова мнозинство растат“, изјави Мелони за италијанското радио RTL за резултатите од изборите за Европски парламент (ЕП).

Таа додаде дека изборните резултати го покажуваат барањето на граѓаните ЕУ да посвети поголемо внимание на десницата и дека Италија ќе има клучна улога во Европа.

Мелони оцени дека изборниот успех на Марин Ле Пен во Франција е многу важен и дека укажува на настаните во Франција и другите европски земји.

Зборувајќи за слабата излезност на изборите за ЕП, Мелони рече дека граѓаните ја гледаат ЕУ како далечна.

„Мислам дека ни е потребна Европа која е повеќе способна да ги слуша своите граѓани, да навлегува помалку во нивните животи, но која се занимава со големите прашања што спаѓаат во нејзина јурисдикција“, истакна Мелони.

Нејзината партија „Браќата на Италија“ на изборите за ЕП освоила 28,85 отсто од гласовите, додека на второ место е левичарската опозициска Демократска партија со 24,04 отсто, покажуваат податоците на МВР.