Мексико: Пронајдени 491 мигрант од Гватемала

Сподели со своите пријатели

Мексиканските власти соопштија дека пронашле 491 мигрант, главно од Гватемала, на имот во централната мексиканска држава Пуебла.

Loading...

Повеќе од половина од 485-те државјани на Гватемала се малолетни, а огромното мнозинство патуваат со други членови на семејството, соопшти мексиканската агенција за имиграција ИНМ.

Агенцијата навела дека во таа група мигранти биле шест лица од Хондурас, пренесе Ројтерс.

Надлежните служби ја префрлиле групата мигранти во блиската канцеларија каде им била укажана вода, храна и медицинска помош, се наведува во соопштението.