Со резултат 75:63 кошаркарите на Куманово го совладаа составот на Гостивар во 2. коло од домашниот шампионат, а најзаслужен за таа победа беше репрезентативецот Адем Мекиќ кој реализираше 26 поени во 36те минути на паркетот.
Loading...
Куманово е најтежок терен во Македонија, па и на Балканот, вели Мекиќ, за кого ова е втора сезона во кумановскиот дрес.
– Куманово е најжежок терен во цела Македонија, па мислам и на Балканот, тоа сите го знаеме, публиката не носеше цел натпревар, игравме фантастично и одбрана и напад, пожртвувано сите за еден гиневме, а тоа е она што ја краси оваа екипа. Презадоволен сум од целиот тим и секоја чест на тренерот, ретко кој во нашата лига дава толкава минутажа на младите и презадоволен сум навистина, феноменално е чуството, презадоволен сум што играм за Куманово особено оваа сезона, се чувствувам пресреќно, изјави Мекиќ.