Медведев: Русија повеќекратно го зголеми производството на оружје

Сподели со своите пријатели

Висок руски функционер во понеделникот изјави дека властите презеле чекори за зајакнување на производството на оружје во екот на борбите во Украина.

Loading...

Дмитриј Медведев, заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност со кој претседава претседателот Владимир Путин, изјави дека ја посетил водечката руска фабрика за тенкови во градот Нижни Тагил на планината Урал за да разговара за начините за зголемување на производството.

Медведев истакна дека странските набљудувачи предвиделе дека Русија наскоро ќе ги снема резервите на оружје, додавајќи дека таквите прогнози се осудени на неуспех.

Тој рече дека производството на оружје и опрема – од тенкови и топови до прецизни ракети и дронови – се зголемило повеќекратно.

– Само почекајте – рекол Медведев, пренесува АП.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.