Медведев ќе биде заменик на Путин во Воено-индустриската комисија на Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ја утврди функцијата свој прв заменик во Воено-индустриската комисија со која раководи, а на таа позиција го назначи заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

Loading...

Според указот на Путин, кој беше објавен денеска, во комисијата наместо протераниот Игор Артемјев се приклучил шефот на Министерството за вонредни состојби Александар Куренков, пренесе Тасс.

Вицепремиерот и министер за индустрија и трговија Денис Мантуров е назначен за заменик-шеф на комисијата и шеф на нејзиниот колегиум задолжен за решавање на актуелните прашања.

Во комисијата се министерот за одбрана Сергеј Шојгу, началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев, како и шефовите на Службата за надворешно разузнавање и Националната гарда.