Медведев: Абхазија и Јужна Осетија ќе ги признаат државите кои не се плашат од Западот

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека со текот на времето земјите кои, како што вели, не се плашат од мислењето на Западот, ќе ја признаат независноста на Абхазија и Јужна Осетија.

Loading...

„Ова прашање е многу деликатно и е поврзано со општата геополитичка ситуација. Јасно е дека нашата одлука да ја признаеме нивната независност не беше дочекана со ентузијазам на Запад“, рече Медведев во интервју за ТАСС.

Тој додаде дека не знае што ќе биде понатаму, но дека е сигурен дека „порано или подоцна, историјата се ќе стави на свое место“.

Според него, акт на признавање е неопходен за создавање на субјект на меѓународното право, односно држава.

„Не се вели дека оваа независност треба да биде признаена од одреден број земји, или од Обединетите нации или од некое квалификувано мнозинство. Самиот факт на признавање е важен, тоа создава меѓународен правен субјективитет“, рече Медведев.

Абхазија и Јужна Осетија се области кои прогласија независност од Грузија во 1990-тите, додека грузиските власти и речиси сите земји во светот сè уште ги сметаат за дел од Грузија.

Двете области беа признати како независни од пет земји: Русија, Науру, Сирија, Никарагва и Венецуела, пренесува Танјуг.