Медиумите јавуваат за акција на МВР во Слупчане – жителите од селото негираат

Сподели со своите пријатели

Утринава после шест часот наутро, граѓаните на Куманово на социјалните мрежи реагираа за пукотниците кои доаѓаа од правец на Општина Липково.

Loading...

Пукањето престана час еден подоцна, но, во обид да дознаеме што точно се случува на терен, побаравме информација од лицето на односи со јавноста при МВР, но без успех.

СИТЕЛ ТВ повикувајќи се на извори од порталот ФРОНТ, пред малку објави вест дека во селата Слупчане и Ваксинце во моментот трае антитерористичка акција, без потврда од МВР, додека на социјалната мрежа Фејсбук, жители на селото Слупчане, негираат пукотници и некакви вооружени дејства.

– Уживајте народе, нема ништо од тоа што се шпекулира. Сценарио како во Куманово тука нема да им успее. Срам да им е на МВР,  напиша Абедин Зимбери во коментар на Фејсбук.

Дали навистина се работи за акција на полицијата, или како што се шпекулира по социјалните мрежи, се работи за отварање на ловна сезона, односно, бркотница со дивокрадци, останува да биде потврдено од МВР во текот на денот.

Инаку, пукањето во Куманово како и во Липковскиот регион за време на свадбените веселби не престана во текот на летото, па не е исклучена можноста, ова утро да се работи за таков вид на истрели.

 

 

 

Loading...