МЕДИЦИНСКО ЧУДО: Родила син на пет години, историјата ја знае како најмлада мајка во светот

Сподели со своите пријатели

Перуанското девојче во медицинската историја е забележано како најмлада мајка во светот.

Loading...

Лина Медина родена е во октомври 1933 година во перуанскиот град Тикрапу. Кога имала само пет години, родителите ја довеле во болница затоа што имала абнормална творба на подрачјето на абдоменот, за која верувале дека е циста или тумор, но откако лекарите ја прегледале, откриле запрепастувачки факт – девојчето било во седмиот месец од бременоста.

Доктор Герално Лозада го презел случајот, а тој ја одвел во специјализирана болница за жени каде дефинитивно се потврдила бременоста. Лина како толку мало девојче можела да остане трудна поради состојба која се нарекува преуранет пубертет, кој во основа означува ран почеток на сексуален развој. Кај поголемиот дел од девојките тој започнува во период од 11 до 13 години со првата менструација, но кај Лина менструалниот циклус започнал на три години, а имала развиени гради на четири години.

Во мај 1939 година официјално станува најмладата мајка во историјата со раѓање на момче кое го родила со царски рез. Бебето е родено со 2.700 грама, добро здравје и општа состојба, па Лина му го дала името Герардо. Веќе за неколку дена „мајката“ и бебето биле пуштени од болница.

Се мислело деа детето е плод на сексуално злоставување. Таткото на Лина веднаш бил приведен и испитуван поради сомнение за силување и инцест, но бил пуштен поради недостаток на докази.

Лина никогаш не открила кој е татко на нејзиното дете, ниту околностите во кои дошло до зачнувањето. Според статија од 1955 година ја го анализирала случајот, во селото во кое Лина е родена имало често свечености на Индијанците.

– Тие често завршувале со оргии, а силувањето на нешто такво не би било возможно, пишувало.

Низ годините поголемиот дел од луѓето приказната за мајчинството на Лина ја нарекле обична измама, но бројни се лекарските прегледи, докази забележани во медицинската историја, од биопсии до фотографии и рендгенски слики на малата Лина.

Loading...

Герардо пораснал верувајќи дека Лина му е сестра, но кога имал десет години момчето сепак ја дознало вистината за биолошката мајка. Живеел до 40 години, кога во 1979 година изненадно починал од болест на коскена срж.

Лина Медина успешно завршила училиште, па подоцна работела како секретарка на лекарот кој го водел нејзиниот случај, др. Лозади. Тој и помогнал во школувањето.

Подоцна се омажила и вториот син го родила на 38 години, дури 33 години по првото дете.

Иако се уште е жива, Лина одбива разговори со медиумите и се уште не сака да го открие вистинскиот идентитет на таткото на нејзиното прво дете.

Фото: Wikipedia/Gikü

Leave a Reply