Маж и тригодишно девојче загинаа, а тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден околу 20,20 часот на патот Градско-Прилеп случена е сообраќајна незгода помеѓу три автомобили, при што се загинати две, а повредени три лица.

Loading...

Во сообраќајната незгода учествувале ПМВ „Волсваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.П.(48), ТМВ „Пежо Експерт“со бугарски национални ознаки управувано од Горан Ц.(23) и ТМВ„Ман“ со битолски регистерски ознаки управувано од З.Р.(34).

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Горан Ц. и тригодишно девојче кое било сопатник во ПМВ „Волсваген Шаран“, а со тешки телесни повреди се здобила М.Е.(59), додека со телесни повреди се здобиле О.Е.(32) и две деца на возраст од една и седум години сите сопатници од истото возило.

Од страна на Ј.О. и увидна екипа од ПС Прилеп и се работи на расчистување на случајот.