Матурските прослави во Куманово ќе поминат без еуфорични прослави на плоштад

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово заедно со директорите на петте средни училишта од градот, денес на состанок во Општина Куманово заеднички и едногласно се договорија, прославите на матурските вечери да поминат без вообичаената еуфорија со дувачки оркестри на плоштадот ”Маршал Тито”, како и без традиционалниот ”Квадрил” танц.

Loading...

DSC_0016 copy

Од отсекот за превенција, без посебни образложувања за актуелната ситуација во градот, посебно со блокираните приоди до Полициската станица од вчеранавечер, на состанокот објаснија дека денешниот средба не се одржува  само заради новонастанатата ситуација, односно, станува збор за тековни активности во рамки на проектот ”Безбедна матура”.

Прославите на матурските прослави ќе бидат одржани во согласност со распоредот на секое училиште засебно, со тоа што како што соопштија директорите на средните училишта на албански наставен јазик, донесена е одлука, матурските прослави да бидат одложени за подоцна, а по барање на нивните ученици.

DSC_0020

Сите матуранти, за време на матурските прослави се замолуваат да не создаваат проблеми од насилен вид, да не користат навредливи пароли од меѓуетничка природа, да не конзумираат алкохол за да подоцна управуваат со моторни возила, како и да се воздржат и да не наседнуваат на секакви шпекулации од социјалните мрежи, апелираат од СВР Куманово, Отсек за превенција.

Како што соопштија од Секторот за култура при Општина Куманово, се одлагаат и сите културни настани, како што се традиционалниот маскенбал ”Батко Ѓорѓија” и матурскот Квадрил бал.

Leave a Reply