Маслиновото масло двојно го намалува ризикот од срцев удар

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои редовно готват со маслиново масло и го користат како зачин во салатите имаат дури 41%  намален ризик од срцев удар, откриено е во студија на Институтот за здравје и медицинско истражување во Бродекс спроведена на 8000 луѓе.

Медитеранскиот начин на исхрана, речиси целосно се базира на маслиново масло. Неговата употреба особено е препорачлива за повозрасните луѓе.

Срцевиот удар е еден од водечките причини за смрт, а маслиновото масло е природен, ефтин и едноставен нечин за негова превенција, покажуваат резултатите од истражувањето.

Колку е здраво докажува зголемениот број на срцеви удари во земјите чија исхрана се темели на животински и заситени масти, како во Велика Британија, објаснуваат научниците. Маслиновото масло богато со маснозаштитени киселини, омега 6 масни киселини кои ги блокираат воспаленијата и хроничните заболувања, како што се срцевите болести и артритис.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.