Маск ја отстранува опцијата за блокирање на социјалната мрежа Х

Сподели со своите пријатели

Социјалната мрежа Икс (Твитер) ќе ја укине опцијата корисниците да блокираат други профили, објави сопственикот на таа социјална мрежа Илон Маск.

Loading...

„Блокирањето ќе биде отстрането како функција, освен за ДМ (директни пораки). Бесмислено е“, напиша Маск.

Блокирањето е популарна алатка која им помага на корисниците да се заштитат од несакани интеракции на социјалната мрежа, пишува Bloomberg.

Опцијата значи дека блокираните корисници не ги гледаат објавите на лицето што ги блокирало и дека нивните објави не се појавуваат на корисникот што ги блокирал.