Масакар во Хрватска: Влегол во дом за стари и убил пет лица

Сподели со своите пријатели

Во хрватскиот град Дарувар денеска се убиени пет лица во Дом за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева.

Loading...

Ова го пренесува mojportal.hr.

Неофицијално се дознава дека маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.

Се наведува дека пет лица загинале на самото место, а на некои се уште им се укажува лекарска помош.

После тоа убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во кафулето „Даруварац“.

Се вели дека во Дарувар одекнуваат сирените на сите можни итни служби.