Масакар на американски колеџ – убиени 15 студенти (видео)

Сподели со своите пријатели

Полицијата на сојузната американска држава Орегон потврди дека во убиствен напад во кампус на колеџот Umpqua се убиени 13 личности, а над 20 се ранети, додека пак локалните медиуми јавуваат дека бројот на загинати е над 15.

Loading...

Службеник од тамошната полиција вели дека тие реагирале во 10:40 часот според локалното време и дека напаѓачот е убиен во размена на оган  со полицијата во кампусот, а станува збор за белец од околу 20 години.

Репортерите на местото на настанот сведочат за вистински хаос, затоа што преплашени студенти трчале насекаде по кампусот, а убиените и повредените се пронајдени во различни објекти. Напаѓачот пукал низ врата од училница.

Полицијата пронашла четири пиштоли за кои се верува дека му припаѓале на убиецот.

Откако е совладан била извршена евакуација и претражување на секој агол од кампусот при што биле претресени и сите студенти.

Извори од истрагата за американските медиуми велат дека напаѓачот во текот на ноќта на социјалнит емрежи напишал дека планира некој свој напад а од друга страна луѓето во коментарите давале сугестии како и со кое оружје да биде извршен.

Во објавите на оваа личност за која се сомневаат дека пукала, се споменува и напаѓач во студентски кампус во Санта Барбара од минатата година, а со тоа напишал:

  • Ова е единствен случај кога ќе бидам во вестите. Толку сум неважен.

Колеџот се наоѓа во руралниот дел од градот Росебург, на 418 километри од Портланд. Во оваој град живеат околу 22.000 жители, а колеџот го посетуваат 3000 редовни и додатни 16.000 вонредни студенти.

Loading...