Кумановецот Мартинијан Кириловски со својата песна „Вистина“ го освои второто место на престижниот фестивал „МакФест“ чија финална вечер се одржа вчеравечер во Штип.
Loading...
Музиката и текстот на песната се на Ристо Самарџиев, а аранжманот на Давор Јордановски. Мартинијан за овој настап ги здружи силите и со дел од бендот Трио Зез кој е еден од најпопуларните млади бендови во Куманово.
Александар Тодоровски е победник на фестивалот, додека третото место ѝ припадна на младата штипјанка Марија Данева.
Годинава на „Макфест“ се одржа во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип.
Во продолжение можете да го погледнете и видео записот на песната „Вистина“ со која се претстави Мартинијан.
Loading...